Работните групи за измени во Изборниот законик постигнале договор по однос на препораките на ОБСЕ, потврдуваат од Министерството за правда за Цивил Медиа.
Од кабинетот на Десковска сега чекаат партиите преку нивните пратеници да ги предложат измените за овој дел што побрзо во Собранието. Од друга страна, министерството потврдува дека добиле известување од ДИК за отстапувањето на бројот на гласачи во изборните единици, но за решавање на овие отстапки предлог треба да даде ДИК.
„Постои отстапување во изборните единици. Укажуваме дека според законот, било какви измени за нивелирање и префрлање на избирачки места од една во друга изборна единица, треба да бидат на предлог на ДИК. Воедно, ве информираме дека се постигна согласност за имплементација на препораките на ОБСЕ и очекуваме пратеничките групи да поднесат измени на Изборниот законик“, одговорија од министерството.
А. Зеќири