Резервниот далновод до нуклеарната централа Запорижја синоќа беше прекинат поради гранатирање, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
– Резервниот далновод од 330 kV до нуклеарната централа Запорижја (ЗНПП) во Украина беше исклучен доцна синоќа поради штети предизвикани од гранатирање. Ова денеска го изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, се вели во објавата на веб-страницата на агенцијата.
Според МААЕ, ЗНПП во моментов продолжува да добива електрична енергија потребна за ладење на реакторот и одржување на други важни функции за нуклеарна безбедност преку надворешен далновод од 750 kV.
Извор: МИА