Преку опцијата „Пребарај го Facebook“, отворив да видам што пишувале фејсбук мрчаторите за загадувањето пред 2, 3, 4 години кога градоначалник беше Шилегов. Нема да ги цитирам, пошто овде и деца читаат. А гнасни работи се изначитав.
На истите тие мрчатори им ги отворив и профилите и забележав дека никој од нив сега не се жали на загадувањето во Скопје.
ОК, на тие мрчатори, ама и на сите оние што на последните локални избори ја казнија „ароганцијата“ на Шилегов и СДСМ, сакам да им презентирам некои бројки. Освен она што можете да го видите на графиконот долу, има и други интересни податоци.
Максимална среднодневна концентрација на ПМ10 честички во Општина КАРПОШ:
2017 … 471
2018 … 132
2019 … 122
2020 … 100
Максимална среднодневна концентрација на ПМ10 честички во Општина ЦЕНТАР:
2017 … 361
2018 … 115
2019 … 116
2020 … 112
Максимална среднодневна концентрација на ПМ10 честички во Општина ГАЗИ БАБА:
2017 … 498
2018 … 120
2019 … 114
2020 … 111
Максимална среднодневна концентрација на ПМ10 честички на локација РЕКТОРАТ:
2017 … 533
2018 … 170
2019 … 168
2020 … 137
Забележувате ли надолен тренд?
Еве ви уште нешто:
Средни сезонски годишни вредности на загадување (ПМ10 честички):
2016 … 71.91
2017 … 70.03
2018 … 57.39
2019 … 51.53
2020 … 47.70
Spot the difference!
И уште нешто за крај.
Веројатно сте заборавиле дека, кога Шилегов беше градоначалник, имаше периоди кога масовно се палеа контејнери низ Скопје. Тоа се правеше со цел загаденоста на воздухот да се зголеми и со тоа да расте револтот кон Шилегов. И вие, дами и господа фејсбук мрчатори, наместо да ги казните тие пиромани на изборите, решивте да ја казните „ароганцијата“ на Шилегов.
Пишав во една моја објава веднаш по изборите. Не го казнивте СДСМ, туку се казнивте себеси. Тогаш изгледа дека не ме разбравте, ама еве ви сега шанса за ‘поправен’!
Објава на Фејсбук од Ацо Лукароски