Украинската амбасадорка во Северна Македонија Лариса Дир, во објава на Твитер, апелира за навремено снабдување на украинската војска со вооружување по НАТО стандардите.
На Украина ѝ треба постојано и навремено снабдување со тешки оклопни, артилериски и воздушни одбранбени системи по НАТО стандардите, пишува Дир.
??needs a steady and timely supply of NATO standard heavy armor,artillery & air defense systems.
Enhancement of??’s air defenses equals de-escalation.The less capabilities ??has to terrorize peaceful ??cities with missiles,the less the overall potential of the??aggression will be— Larysa Dir (@dir_larysa) January 10, 2023
Таа додава дека зајакнувањето на украинската противвоздушната одбрана подразбира деескалација.
Колку помалку Русија има способности за тероризирање со проектили на мирните украински градови, толку помал ќе биде севкупниот потенцијал на агресијата врз Украина, потенцира амбасадорката Дир.
Подготви: Ј. Ѓ.