Десетици луѓе загинаа во јужниот дел на Перу во судирите меѓу демонстрантите и владините сили од почетокот на декември, меѓу кои се најмалку 17 цивили и еден полицаец кои беа убиени во градот Јулијака, во близина на границата со Боливија, пренесува Њу Јорк Тајмс.
Тоа беше дел од големиот бран на насилство што дополнително го комплицираше обидот на новиот претседател да ја стабилизира земјата по неколкунеделни демонстрации. Убиствата во понеделникот предизвикаа широка осуда на перуанските безбедносни сили, кои се чини дека се одговорни за повеќето смртни случаи и беа обвинети од демонстрантите и групите за човекови права за неселективна употреба на смртоносна сила против цивилите.
Настаните во понеделникот беа најсмртоносниот судир меѓу цивилите и вооружениот служби во Перу во последните две децении, откако земјата излезе од диктатурата, како и од долгата и брутална борба со насилна герилска група, конфликт во кој загинаа најмалку 70.000 луѓе мртви, многумина од нив цивили.
Откако левичарскиот претседател на земјата, Педро Кастиљо, се обиде да го распушти Конгресот и да владее со декрет, тој беше уапсен и заменет од неговиот потпретседател. Неговите поддржувачи, од кои многумина живеат во сиромашните рурални региони, брзо излегоа на улиците барајќи нови општи избори.
Еден активист за човекови права рече дека „Она што се случи вчера беше навистина масакр“.
Подготви: Д. Мишев
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА