Апокалиптичното сценарио дека ќе се распадне енергетскиот систем, дека ќе измрзнеме, дека се е толку лошо и дека ќе немаме греење се испостави дека не е така, вели членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во гостувањето во ТВ24. Тој вели дека за време на најголемата војна после Втората светска војна, власта успева да се справи со состојбата со оглед на ресурсите што се на располагање.
Имаме консолидиран енергетски систем, еве пуштен е и третиот блок на РЕК Битола… тоа се добри резултати, кажа Петров.
Според него, државата има свои приоритети, а изборите не се меѓу нив.
„Вчера беше тука високиот претставник на САД, Шоле. Тој не е случаен човек, тој е влијателен човек во администрацијата на САД и упати порака што е приоритет на земјава – да претседава со ОБСЕ, со Јадранската повелба. Во моментов има војна во Европа, отпочнати се серија работи, како што е справувањето со криминалот, ете тоа е поважна тема, а времето за избори ќе дојде, тоа е во 2024 година“, додаде Петров.