„ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски имаа само демонстративно практикување на мултикултурализам, а помеѓу тоа имавме тепачки во автобус и организирање на контрапротести. Не само по етничка линија, тој апарат имаше проблем со сите типови на различности“ рече националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец на конференцијата на Цивил, „Различностите, благодат или проклетство“.
Тој додаде дека Владите од 2017 наваму работат на поправање на штетата и градење на Едно општество за сите, што било уништувано претходните 10 години.
„Владите од 2017 година наваму воведоа помош за најранливите, повеќекратно зголемување на социјалната помош, беше донесен Законот за антидискриминација, усвоена Истанбулската конвенција, како и дадена помош на ЛГБТИ заедницата и преку законот против дискриминација и со обезбедување на услови за организација на парадите и прајдовите“ рече Забрчанец.
Тој додаде дека освен тоа, Владите од 2017 година наваму се грижат и за работниците со недела неработен ден и растот на минимална плата, а значително е поправен и односот кон граѓанските организации со запирање на процесот на „десоросоизација“ започнат од владата на ВМРО-ДПМНЕ.