Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопштуваат од МВР.
Како што истакнуваат во соопштението, на територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 35 санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за нерегистрирани возила.
Изречени се пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за возач почетник…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за дасе зголеми безбедноста во сообраќајот.