ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе го најде ли браварот-детектив клучот на срцето на МКЦ или Арсовска ќе инсталира салунска унгарска врата?

January 25, 2023 16:06
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ФРОНТ
Ана Василевска

Ана Василевска

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Стотици граѓани од неколку генерации се собраа во неделата на музичко протестен хепенинг пред платото на Младинскиот културен центар да изразат незадоволство од притисокот на градоначаничката за смена на директорот. Новиот менаџер поставен од Данела Арсовска, извесен Никола Алексов, детектив по професија кој никогаш никој не го видел на ниту еден културен настан и веројатно во МКЦ стапнал со Џи-Пи-Ес, ориентиран според дискотеката Хард рок, или „знаеш она место пред кое по полноќ стојат ноќните дами“, пред да ја заврши примарната задача за која е поставен (да потпише вработување за Арбен Шаќири) како најважно ги сменил бравите во институцијата. Се извинувам за овие инсинуации, но кога некој упорно не се појавува пред јавноста да се претстави, што е должност кога имаш јавна функција, остава простор за шпекулирање за неговиот портрет од информациите со кои располагаш.

Не е спорно дека сега има одврзани раце и да направи и Казино, во сред МКЦ ако му е волја, бидејќи навистина е нејасно што друго ќе прави ваков профил на човек таму. И кога сме кај самоволието тоа е демонстрирано на дело. Нетранспарентноста и недостапноста за медиумите и јавноста за коментари, ставови и информации односно класично „неебавање“ на никого ни е познат манир на владеење од црните грујови денови.

Од музичкиот протест пред МКЦ

Тоа што за жал, уште ме зачудува е бесрамноста да се вплеткаш каде што не ти е место  и да не се потрудиш барем да лажираш заинтересираност кон револтот на оние речиси илјада луѓе во неделата собрани пред МКЦ.

Ок, коментари на социјалните мрежи, како собирот бил партиски, е обид за спинување на една фактичка реалност која само слепец не може да ја види.

 

Има нашата држава поголеми проблеми од ова, граѓаните се изморени од секојдневните битки и можеби се чини маргинално и беингно тоа што некој сака да го „закопа“ срцето на градската култура. Можеби има точност и во некои индиции дека има некои нерегуларности во администрирањето на касата на МКЦ, но тоа е друга тема. Понекогаш преполната чаша ја прелива само една навидум, безначајна капка. Тука, во овој случај, поткусурувањата на Данела и нејзиниот обид за инсталации како ќе и текне, по пријателски и не знам уште каков долен мотив, не смеат да поминат. Баш како пример дека местенки на позиции не се шаховска табла која може да ја редиш како ќе ти текне, без да запазиш елемантарни критериуми за компетентност.

Таа критична маса што се собра во одбрана на МКЦ, ниту е дезоирентирана багра која дојде за сендвич со автобус, ниту очекува некој таму да добие било што од МКЦ.

Колку и да звучи чудно во нашата изопачена општествена реалност, уште има луѓе на кои им се важни обични нешта и кои сакаат да го задржат културниот дух на битисување. Оваа институциија има поддршка за проекти и од европски фондови па не знам каков впечаток ќе добијат тие од последните настани, и можеби ќе се повлечат и пред онаа минимална но значајна финансика помош за нашата култура, особено откако таа е брутално кастрирана со последниот буџет доделен на МКЦ од Градот.

Сега, што е следно по смена на бравите, да очекуваме ограда како онаа што режимот ја постави пред Влада, или некоја декорирана унгарска порта како симбол на моќта на конзулката и нејзините одлични врски со продолжената македонска рака на Виктор Орбан?

„МКЦ не е партиска цицка“, „Културата е скапа, но некултурата е поскапа“ беа двата едвај забележливи но многу силни транспаренти на мирниот собир во неделата. Пораката е пратена, и за оние кои е потребен превод на ова: Не може да се поигруваш со освестена и писмена критична маса со насилни методи од позиција на моќ, се лизнале во историјата многу поголеми од една градоначалничка која не знае каде тера.

Да живее андерграунд културата, не подземјето!


Текстот е личен став на Авторката. Извор: НоваТВ

 

Tags: АрсовскаГрад СкопјекултураМКЦ
Next Post

Амбасадата на САД во Приштина ги повика невладините, политичарите и дипломатите на дискусија за формирањето на Заедницата на српските општини

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk