ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битолските спасувачи се вратија од Турција: „Нема зборови со кои може да се искаже големината на овие наши луѓе и нивното херојство“

February 15, 2023 08:14
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Битолските спасувачи Петар Нолев, Зоран Балуловски, Владо Николовски, Петре Илиоски и Игор Радичовски, утрово се вратија од турскиот град Адијаман, каде заедно со другите спасувачки екипи работеа на пронаоѓање и спасување на евентуално преживеани луѓе и извлекување на жртвите, после катастрофалниот земјотрес што се случи минатиот понеделник. Во спасувачката акција, се вклучиле веднаш после 30 часовното патување, соочувајќи се со тешки состојби и огромна тага во разрушениот турски град. Сепак, желбата да се помогне во спасувањето на човечки животи, била доволно силна, да се работи се додека за тоа постоело надеж.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој денес ја пречека спасувачката екипа во својот кабинет, заблагодарувајќи им се за нивната хуманост и пожртвуваност, спасувачите ги награди со по една просечна плата.

„Нема зборови со кои може да се искаже големината на овие наши луѓе и нивното херојство. Битола е горда, што има вакви луѓе, обучени за брз одговор за спасување од планина и високи објекти кои можат и сакаат своето знаење и подготвеност, да ги употребат за најхуманата работа – спасување на човечки животи. Големо благодарам за се што направија и за нивната подготвеност, секогаш да бидат на висина на задачата и професионално да одговорат“, рече градоначалникот Коњановски на денешната средба со битолската спасувачка екипа.

Дополнително, минатата недела на иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, а со едногласна поддршка од сите советници, на вонредната седница на Советот, општина Битола, од буџетот издвои 500.000 денари како помош за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија.

Tags: БитолапожарникариТурција
Next Post

Реконструкција на Влада: „Ова е време на храбри политичари кои носат храбри одлуки во интерес на граѓаните“

Shortcut

Најново

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk