ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Реконструкција на Влада: „Ова е време на храбри политичари кои носат храбри одлуки во интерес на граѓаните“

February 15, 2023 08:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието денеска на пладне треба да продолжи дебатата за реконструкцијата на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз.

Пратениците од власта во дебатата на вчерашната собраниска седница за разрешување на министрите од Алтернатива со фокус на постигнатите резултати и европскиот пат на земјата, отфрлајќи ги тезите на опозицијата и барањата за избори.

За премиерот Димитар Ковачевски, одлуката за излегување од власта на Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство, додавајќи дека е отворена можноста за соработка со партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат на земјата.

Пратениците вчера и во попладневниот дел од продолжението на 104-тата собраниска седница продолжија со дебатата за Предлогот за разрешување на министри и заменици-министри од Алтернатива, односно за разрешување на министерот за здравство Беким Сали.

Пратеничката Соња Мираковска од НСДП порача дека „ова не е време на ВМРО-ДПМНЕ, туку на храбри политичари кои носат храбри одлуки во интерес на граѓаните“.

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски рече дека оваа Влада успеа да го зголеми производството на струја за 40 отсто и оти првпат во 70 години, сите капацитети за производство на струја се ставени во функција.

Претходно, во првиот дел седницата, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во репликата посочи дека владејачкото мнозинство го прозива ВМРО-ДПМНЕ дека не гласало за договорот со Фронтекс, но не зборува за тоа што три месеци немаше кворум, како и дека не гласале за измените на Кривичниот законик, од кои дел се поврзани со Истанбулската конвенција без да споменат дека пратеничките од оваа опозициска партија заедно со министерот за правда Никола Тупанчевски кој поднесе оставка ги направија сите амандамни на законикот. Според него, и многу коалициски партнери во оваа Влада ќе завршат како Алтернатива.

Мицевски потоа во обраќањето пред пленумот го повтори барањето за избори, потенцирајќи дека на Македонија и требаат нови прогресивни кадри.

Tags: ВладареконструкцијаСобрание
Next Post

Пред истекот на рокот за пререгистрација, бугарските здруженија во Македонија на средба со Османи

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk