Путин не е заинтересиран за мир и не прави никакви чекори кон мир во Украина. Напротив, тој презема нови офанзиви, продолжува со воени дејствија. Затоа, повеќе тешко вооружување и повеќе обуки се главните обврски што ги преземаа министрите за одбрана на НАТО на состанокот во Брисел, на кој главен фокус е поддршката на борбата на Украина за слобода, информира, меѓу другото, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на (ЛИНК) прес конференцијата во 13 часот.
„НАТО сојузниците се согласија на Украина да ѝ пружат воена поддршка без преседан“, рече Столтенберг.
Тој ја извести јавноста дека заложбите кои ги најави пред почетокот на Состанокот на НАТО, на прес конференцијата на 13 февруари, всушност, сега се претворено во конкретен план, со преземени обврски на сојузниците.
Тој, меѓу другото, зборуваше и за тоа дека средствата за одбрана на сојузниците што се одвојуваат од државните буџети на членките на НАТО мора да се зголемат. Наместо 2% од БДП да бидат максималниот износ, тие треба да станат минимум.
Тој ја информираше светската јавност и за други одлуки на НАТО состанокот, вклучувајќи ги и пакетите за поддршка на одбраната на Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија.
Од Брисел: Џ. Дерала / ЦИВИЛ Медиа