ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протести во Франција против предлогот за реформа на пензиите

February 16, 2023 09:29
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Ројтерс

Фото: Ројтерс

Во Франција денеска ќе се одржат протести против предлогот за пензиските реформи, но се очекува помал одѕив од граѓаните, бидејќи синдикатите, организатори на собирот, се подготвуваат за големиот протест закажан за 7 март.

Протести денеска ќе се одржат во Париз и во помалите градови, како што е градот Алби во југозападниот дел, кој стана симбол на малите градови со големи собири против најавената пензиска реформа.

По протестите во саботата кои привлекоа 963.000 луѓе ширум Франција, според властите, денеска се очекуваат помал број луѓе.

Според полициски извори, се очекуваат од 450.000 до 650.000 луѓе низ целата земја, а меѓу 40.000 и 70.000 во Париз.

Како и на претходните протести кои започнаа во средината на јануари, во прекин ќе биде и меѓуградскиот и приградскиот железнички сообраќај, како и метрото во Париз.

Парискиот аеродром „Орли“ веќе најави намален авиосообраќај за околу 30 проценти.

За тоа време во Долниот дом на Парламентот продолжи дебатата за пензиските реформи.

Сепак, француската Влада нема апсолутно мнозинство во Парламентот за нејзината реформа да биде усвоена и затоа смета на поддршката на традиционалната десница, но оваа поддршка се уште не е сигурна.

Од друга страна, радикалната левица е најголемиот политички противник на реформата и има подготвено неколку илјади амандмани на предложениот текст на реформата.

Граѓаните и синдикатите се најнезадоволни што со реформата се предлага поместување на старосната граница за пензионирање на 64 години, наместо на 62 години како што беше досега

Tags: протестиреформа на пензиитеФранција
Next Post

Хеви-метал бендот „Металика“ донира 250.000 долари за Турција и Сирија

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk