ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Република Косово слави 15 години независност, споменикот “Newborn” во Приштина со нова порака, кандидатот за претседател на Србија на почести во Преказ

February 17, 2023 12:21
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Република Косово денеска се слави 15 годишнината од формирањето на независноста, познатиот споменик „Newborn“ во Приштина годинава со нова порака – против распарчување на Републиката, кандидатот за претседател на Србија, Никола Сандуловиќ денеска е на почести во Преказ, родното место на косовскиот херој Адем Јашари. Ова  се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од изборот од албанските медиуми во регионот.

КОСОВА ПРЕС: Република Косово слави 15 години независност

„Декларацијата за независност на Косово беше донесена на 17 февруари 2008 година во 15:39 часот во Собранието на Република Косово во Приштина. На вонредна седница на која присуствуваа 109 од вкупно 120 пратеници, Собранието на Косово едногласно го прогласи Косово за независна, суверена и демократска држава.“, пренесе косовскиот дневник Косова Прес.

КОХА ДИТОРЕ: “NEWBORN” со протест против распарчувањето на Републиката

„Светот има многу споменици кои ја означуваат независноста на една држава. Но, оние што се трансформираат на секоја годишнина, носејќи посебна порака, можат да се најдат само на Косово. Овогодинешното трансформирање на “NEWBORN”  има за цел да го заштити она за што е создаден: Републиката. Претворен е во NO NEW BR. А, кога со буквите БР пишува „СКРШЕНА РЕПУБЛИКА“, се пополнува пораката: НЕМА НОВА СКРШЕНА РЕПУБЛИКА.“, пренесе косовскиот дневник Коха Диторе.

РЕПОРТЕРИ: Кандидатот за претседател на Србија  во Преказ на почести

„Кандидатот за претседател на Србија, Никола Сандуловиќ, кој е во официјална посета на Косово, денеска замина во Преказ да му оддаде почит во Меморијалниот комплекс „Адем Јашари“.

Сандуловиќ се изјасни дека е политичар кој ја поддржува независноста на Косово и кој дошол да  понуди историско решение, како пример за другите решенија во Европа.“, пренесува косовскиот дневник Репортери.

ВИЗИОН ПЛУС: Повторно пропадна  кругот за избор на претседател на Уставниот суд

„По втор пат пропадна кругот за избор на претседател на албанскиот  Уставен суд. Секој од кандидатите доби по 3 гласа.

Седницата на судиите на Уставниот суд одлучи третиот круг на гласање да се одржи на 20 февруари 2023 година во 10:00 часот.“, пренесе албанскиот медиум Визион Плус.

ТОП ЧАНЕЛ: „Музеј Беса“ за историјата, традицијата, културата и уметноста на Евреите

„Музејот „Беса“ ќе биде еден од современите градби кои во иднина ќе бидат додадени на архитектурата на главниот град, што го отвора патот за создавање на дестинација на славната историја на спасението на Евреите за време на Втората светска војна. како и историјата, еврејската традиција, културата и уметноста.“, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

ГАЗЕТА БЛИЦ: Католиците на Косово за долго скриената вера: дење бевме муслимани, ноќе христијани

„Во црква сместена на една живописна долина во централно Косово, Исмет Сопи раскажува како неговото семејство ја криело својата католичка вера со векови по прифаќањето на исламот, за време на отоманската окупација на Балканот.

Неговите предци со генерации  ги чувале своите верувања во тајност, до денот кога  кога Сопи и неговото семејство отворено го прифатиле католицизмот и заедно се покрстиле.“, извадок од расказот објавен во косовскиот медиум Газета Блиц.

Д. Тахири

Tags: Албански медиумиКосово
Next Post

Германска донација од 725.500 денари за Ургентниот центар

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk