РИБАРО
Самопрогласениот борец за правата на новинарите, оллмајти Кикифрики, откако имаше непреспиена епизода пред домот на Марјан од Доказ, кога беше спроведуван за рекет и куп други дела, вчера Кикифрики стражарел и пред домот на Латас, дознава АХА.
Имено, после епизодата каде Латас, во емисија на јутјуберот Лазаров, се фали дека го доживеал првото сексуално искуство со силување на беспомошна девојка, не стивнаа реакции од бројни невладини организации за човекови права и истакнати поединци од македонската јавност.
Како што дознава АХА, Кикифрики решил да го чува името и делото на неговиот колега со лична саможртва и стражарење пред домот на Латас.
„Ќе го штитам колегата од овие невладини и опасни по општеството поединци кои сведочењето на Латас за силувањето го разбрале погрешно. Мора да се зачува новинарскиот интегритет, слободата на изразување, рекет и силување на секој медиумски работник“, скандирал цела ноќ Кикифрики пред домот на Латас, јавуваат очевидци за АХА.
Не е познато во колку часот завршила стражарската служба на Кикифрики, но утрово маалскиот пес за АХА изјави дека имал близок контакт со Кикифрики за коската што била фрлена од домот на Латас, по што овој се оддалечил.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK