Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека тој и американскиот шеф на државата Џо Бајден разговарале за обезбедување оружје со голем дострел на Украина за време на неговата ненадејна посета на Кијив.
Бајден, од своја страна, најави дека Украина ќе добие нов пакет воена помош од 500 милиони долари, што ќе биде објавен утре.
Ова е прва посета на Бајден на Кијив како претседател на САД и во време кога земјата е во војна со соседна Русија.
Токму поради оваа причина, не се очекува Бајден да остане во Кијив повеќе од неколку часа, но ненадејната посета беше оценета како историска. Меѓу другото, затоа што тоа се случува во неделата кога се одбележува една година откако Русија ја нападна Украина.