Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во гостувањето на Канал 5 кажа дека државните органи постапиле онака како што јавноста очекувала во случајот со интервјуто на Драган Павловиќ Латас кај јутјуберот Стефан Лазаров.
Беше очекувано жестоко да се реагира од јавноста и медиумите. За ваквите проблеми треба систематски да се размислува и во насока на промена на законската регулатива. Во Франција на пример Тикток и Инстаграм се забранети за деца под 15 години, можеби треба да се размислува во оваа насока. Во овој случај Латас изнуди реакција од МВР и Обвинителство и требаше да се покрене нешто. Инаку, Латас е синоним за мрачно време, кога беше главен презентер на лажни вести и труење на нацијата. Добро е што ОЈО реагираше, рече Костовски.
Тој додаде дека на секој сличен напад треба да има реакција и институциите ревносно да постапуваат.