Ова е политика на инает и за дневни интреси и јавно кажувам дека нема да гласам за новата Влада, но немаме никакви дилеми околу уставните промени. Не треба да се поврзуваат двете работи, изјави потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити во денешното интервју за „Република“.
Меџити вели дека не планираат да формираат партија дури и ако Ахмети цврсто застане зад Груби.
„Битката ја водиме внатре и ќе ја водиме внатре. Имаме искористено само дел од демократските инструменти и имаме цела лепеза на демократски инструменти и сум оптимист дека ќе извојуваме победа и нашата победа ќе биде победа на членовите на ДУИ и на Ахмети“, порачува тој.