Списокот што го објави Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш го докажува она што постојано го алармиравме како политички субјект и денеска се залагаме итно да го промениме преку системски решенија, соопштија од Алијансата за Албанците (АА).
Последните случувања само ја потврдуваат потребата од реализација на нашите определби за реформи во правосудниот и обвинителскиот систем, законот за ветинг, реформирање на Академијата како императив, зголемување на транспарентноста, како и други промени кои ќе ја оддалечат политиката од правдата и правдата ќе ja врати во служба на законот и граѓаните.
Во наредниот период тоа ќе биде меѓу приоритетите на Алијанса за Албанците, а ги повикуваме и другите општествени и политички фактори сериозно и цврсто да се заложат до целосно осамостојување на правосудниот систем во државата, порачаа оттаму.