ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Кој ќе го измие срамот на новинарските здруженија по нереакцијата на атаците од Мицкоски

March 2, 2023 11:49
in ESPRESSO, PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Еве ме како пет дена рефреширам официјален мејл на Фронтлајн, официјален веб сајт и Фејсбук страници на ЗНМ, ССНМ… барам реакција, или што и да е, за заканите од Христијан Мицкоски, за клеветите кон нашиот и кон неколку други портали за пренесена вест, ама сак’н, нема такво слово.

Пред, неколку денови лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, изврши брутален напад врз слободата на известување на неколку интернет портали. Се закани Мицкоски со тужби, на неговиот фејсбук профил (на Фронтлајн и преку адвокат) затоа што сме пренесле вест за неговите наводни скриени милионски во евра имоти.

И во Парламентот имотот на Мицкоски стана една од главните теми за расправа на собраниска седница.

И обрнете внимание драги мои, „големиот лидер“ од „малата“ бела палата, немал намера да ги тужи премиерот и политичарите, туку се нафрла со „дрва и камења“ на неколку медиуми за пренесена вест.

Оние, пак, што треба да го штитат медиумскиот простор, медиумите и новинарите од безумните атаци пред сè на политичарите, молчат.

И тоа е една така апсурдна ситуација од која ми се превртува во стомак од сите нив заедно.

Медиумските здруженија во државава ни, чија задача е нели да ја бранат слободата на известување, слободата на говор и разоткривање на вистината, се пикнаа во дупка и еве веќе пет дена глава не покажуваат. Никаква реакција ни од славниот ЗНМ, ни од борбениот ССНМ.

А и официјално биле прашани од колеги уште пред неколку дена за нивниот став околу атакот со клеветите на Мицкоски и заканите со тужби (Новинарските здруженија без осуда за заканите за тужби кон медиуми на Мицкоски)

Повика и  ЦИВИЛ. „Цивил – Центар за слобода ги повикува новинарските здруженија, регулаторни и саморегулаторни тела, како и граѓански здруженија за заштита на човековите права и слободи, да го осудат и да го отфрлат ваквото непримерно однесување на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“.

Но, досега од здруженијата – МУКЛА!

Ним не им е грижа што лидер на партија која претендира да освои власт етикетира и клевети нивни колеги онака неаргументирано јавно на ачик и ги поврзува со партии, или можеби е нешто сосема друго посреди.

Фронтлајн е интернет портал со истакнат Импресум, член на СЕММ, некои колеги се членови на ЗНМ и ССНМ. Другите нападнати портали од страна на Мицкоски, исто така.

Зошто не реагираат новинарските здруженија, навистина ме остава збунет, па затоа логички се поставуваат неколку прашања:

Не го препознаваат овој очигледен напад од лидер на партија врз слободата на известување?

Не сакаат да го препознаат овој напад?

Страв им е да го соочат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со неговата медиумска неписменост и неговиот недостаток од демократски капацитет?

Зошто им е страв?

Затворени си се во некој тесен нивни клуб па не ги интересираат таму некои интернет портали во кои работат нивни колеги со повеќегодишно медиумско искуство?

Не им се допаѓа уредувачката политика?

Им се хакнати профилите на социјалните мрежи и веб страната па немаат пристап да напишат соопштение со барање до Мицкоски да се извини за атаците клеветите и етикетите?

На продолжен петдневен викенд се инаку нема проблем, таман работа?

…

Ќе се најде ли јунак што ќе го измие срамот на новинарските здруженија?


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Извор: Frontline.mk

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: заканиЗНМмедиумиМицкоски

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk