ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Украина 383. ден | Русинки бараат Путин да не ги праќа нивните мажи во Украина; двојно зголемен увозот на оружје во Европа во 2022 година

March 13, 2023 17:00
in ON THE HOUR, PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украина денес се наоѓа во 383-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.

Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.

Производство на оружје

Увозот на оружје во Европа речиси двојно се зголеми во 2022 година, поттикнат од масовните испораки во Украина. Со зголемување од 93 отсто во текот на годината, увозот се зголеми и поради забрзувањето на воените трошоци на неколку европски земји, меѓу кои Полска и Норвешка.

Украина стана трет најголем увозник на оружје во светот во 2022 година по руската инвазија на земјата во февруари 2022 година.

Британскиот премиер Риши Сунак најави дека во контекст на „новите закани од Русија и Кина“ Обединетото Кралство ќе инвестира дополнителни пет милијарди фунти (5,6 милијарди евра) во својата одбрана.

Макрон и Орбан ќе разговараат за поддршката за Украина, зајакнувањето на европската конкурентност, енергетските прашања и поддршката за европската одбранбена индустрија.

Европската унија ќе направи напори да го зголеми производството на муниција наменета за Украина од „петнаесет индустријалци во единаесет земји“ членки на заедницата. Ова денеска го изјави европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон.

Испорака на оружје

Дирекцијата за одбрана на Луксембург во саботата објави дека четиринаесет оклопни амбулантни возила ќе бидат испорачани за да им помогнат на украинските воени напори.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува Кијив да добие борбени авиони „во скоро време“ поради логистички и технички тешкотии.

Политика

Руската пропаганда ги користи наративите за лажен пацифизам во корист на Москва. Според полските агенции одговорни за безбедноста на информациите, Русија ги користи наративите за „лажен пацифизам“ за да ги придобие умовите на дел од глобалната публика.

Група Русинки апелираа до Владимир Путин да престане да ги испраќа нивните сопрузи и деца на линијата на фронтот во Украина како „топовско месо“ без соодветна обука.

Нелегалната депортација на украинските деца од страна на Русија е воено злосторство и сите депортирани деца мора веднаш да бидат вратени дома. Потребно е да се направат заеднички меѓународни напори за идентификување и враќање на децата кои биле депортирани во Русија, а Украина и нејзините сојузници треба да се погрижат сите деца кои биле или останале институционализирани да бидат идентификувани и да им се обезбеди поддршка да живеат со нивните семејства и во заедниците.

Фронт

Во регионот Харкив, двајца цивили се повредени при руско гранатирање на областа Купијанск.

Украинскиот војник Олександр Мациевски, егзекутиран од руските војници, бил државјанин на Молдавија кој ја бранел Украина.

Подготви: А. Ристески

Tags: Војна во УкраинаРуска агресија
Next Post

Риши Сунак: Војната во Украина е предизвик, но ни се заканува уште полош конфликт

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk