ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Лога со повик до политичките партии: Со консензус да донесеме нов Изборен законик

March 14, 2023 12:38
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Кренар Лога ги повика сите политички партии со консензус да го донесат новиот Изборен Законик.

Во своето обраќање на конференцијата „Изборните реформи во Северна Македонија“ што ја организираше Националниот демократски институт, министерот Лога рече дека негова иницијатива е политичките партии да седнат на иста маса со цел да се најде модел по кој ќе се пристапи кон изготвување на нов Изборен законик и да се постигне консензус за одредени прашања кои имаат политичка конотација затоа што тоа е и препорака дадена од Венецијанската комисија.

„Дали ни е неопходна оваа реформа? Одговорот е да. Изборниот законик треба да стапи на сила најмалку шест месеци пред изборите, за да можат институциите да се подготват непречено да ги спроведуваат промените. Во последниот извештај за предвремените парламентарни избори, Специјалната мисија за проценка на изборите на ОДИХР јасно стави до знаење дека сè уште има голем број прашања во законската рамка за изборите што треба да се решат. Изборниот законик треба да се ревидира сеопфатно со цел да се усогласи во рамки и со другите релевантни закони, да биде во согласност со целите на ОБСЕ, меѓународните обврски и добрите практики“, рече Лога.

Министерот за правда информираше дека Министерството за правда е во процес на формирање работна група со цел изнаоѓање на најдоброто можно решение.

„Мојата јасно зацртана цел е Изборниот законик да биде изготвен пред следните избори, а преку инклузивен процес да се гарантира правната сигурност со тоа што ќе се слушнат мислењата на сите политички партии. Затоа, ги повикувам сите политички партии со консензус да го донесеме Изборниот законик и ги утврдиме изборните правила. Упатувам апел до ВМРО ДПМНЕ како најголема опозициска партија да даде свој придонес и да номинира свој член во работната група. Согласен сум, претседателот на работната група да биде нивен предлог“, потенцираше Лога.

Им се заблагодари на НДИ и на сите граѓански организации кои активно учествувале во реформските процеси за нашата земја и кои придонесуваат кон нејзино придвижување кон Европската Унија.

Tags: изборен законикЛогаПартииправда
Next Post

(ВИДЕО) Истрефи: Важно е да има договор за успех на дијалогот меѓу Косово и Србија започнат во 2011 година

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk