Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ќе оствари средба со генералниот директор на ТАВ, господинот Метин Батак и претставници од ТАВ и ТАВ констракшн, на тема реализацијата на проектите од ТАВ програмата.
По завршување на состанокот вицепремиерот Битиќи и директорот на ТАВ, Метин Батак, во 13:00 часот ќе дадат изјава за медиуми, на платото пред Влада.