РИБАРО
Хистерична реакција на Мицкоски во белата палата на вмровците, како реакција на последните поевтинувања на цените на основните прехрамбени производи и на зголемувањето на платите и пензиите, дознава АХА.
„И сеа, шо прајме? Ќе се фалиме со наштелуваните анкети, ќе пимпламе дека не станува збор дали ќе победиме, туку со колку разлика? Што ќе измислиме? Каде се инфлуенсерковците што ни се на платен список?! Нели гледаат дека се прави реална слика дека оваа влада се бори за да се надмине што полесно економската и енергетска криза. Ма мора угурсузите да појачаат со хистеријата дека ништо не чини во државава, дека се нема, дека владините мерки се промашување, дека нема да се градат низ цела држава автопатишта. Нека се фатат за некои гаќи, нека измислуваат, за што ги плаќаме маму им…“, урлал Мицко.
Ама шефе, овие навистина зголемија плати и пензии и замрзнаа цени на основни прехрамбени производи, промрморил посредникот што ги колка со пари инфлуенсерковците.
„Башка што во време на светска енергетска криза, цената на струјата не се зголеми, парно греење обезбедија како што ветија. Апла ќе ни се смее народ, немаме аргументи никакви, рекол тој и фатил џенем да не го крка ќотекот од Мицко,
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK