ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Борел: Македонскиот како еден од официјалните јазици во ЕУ е реалност

March 17, 2023 18:20
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска имаше средба со Жозеп Борел, висок претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија. На средбата присуствуваа и потпретседателите на Собранието, Горан Мисовски и Хусни Исмаили, координаторите на пратеничките групи во Собранието, Јован Митрески и Арбер Адеми, заменик-координаторите Дафина Стојановска и Халил Снопче, претставниците на помалите партии во Собранието, Сафије Садики Шаини, Бастри Бајрами и Антонијо Милошоски, член на НСЕИ, стои во соопштението на собраниската прес-служба.

Џафери изрази задоволство за реализацијата на посетата и динамиката на одржување на средби со претставници на Унијата, изразувајќи особена благодарност за нејзината финансиска помош наменета за справување со последиците од пандемиската, енергетската и економската криза. Истовремено, беше нагласена нашата подготвеност за продолжување со континуираното и целосно усогласување со надворешната, безбедносната и одбранбената политика на ЕУ, вклучително и во однос на случувањата во Украина. Тој го изнесе своето видување за актуелната политичка ситуација, тековните собраниски активности и информираше за нашиот придонес во рамки на нашето претседавање со ОБСЕ и ПСЈИЕ оваа година, за унапредување на нивните утврдени цели и вредности.

Борел ги поздрави заедничките позиции на политичките чинители во изминатите децении за европската перспектива на земјата и за добросостојбата на нејзините граѓани. Осврнувајќи се на изминатите циклуси на проширувања и искуството на неговата земја, Борел нагласи дека процесот на проширување е најдоброто нешто што секоја од денешните земји членки го направила за просперитет и за мир на европскиот континент.

Случувањата во Украина беа посочени како двигател за забрзување на проширувањето и историскиот момент, кој пружа исклучителна шанса што не треба да се пропушти.

– Потпишувањето на Договорот со Фронтекс е непобитна реалност и гаранција за македонскиот јазик како еден од официјалните јазици на Европската унија, изјави Борел.

Во однос на Собранието во тој процес, Борел истакна дека неговата улога е од исклучително значење, заради фактот што неговите претставници доаѓаат по избор на граѓаните. Пораките кои беа упатени до соговорниците се однесуваа на потребата од поголема координација меѓу власта и опозицијата и нивно заедничко делување заради државните интереси. Беше издвоено значењето и улогата на Комисијата за европски прашања, како и измените кои треба да се внесат во Деловникот за работа на Собранието за овозможување на непречено донесување на потребното европско законодавство до стапувањето во членство во Унијата.

Присутните од страна на Собранието, искажаа различни видувања за евроинтеграциите, од кои голем дел беа за поддршка на претстојните уставни измени, но беа искажани и стравови за можни следни барања од страна на Република Бугарија во овој процес. Во таа насока, беше информирано и за ниската поддршка на граѓаните на последните анкети за зачленувањето во ЕУ заради барањата на Бугарија и беа побарани гаранции овој процес да се води според принципите и стандардите од изминатите проширувања на Унијата, се вели во соопштението од собраниската прес-служба.

Tags: Борелмакедонски јазикФРОНТЕКС
Next Post

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење за Путин и Белова за воени злосторства и депортација

Shortcut

Најново

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

(ФОТО) „Удри на спорт, не удирај по врсниците“: Боксерски вреќи низ Скопје како уметнички крик против насилството кај младите

June 12, 2026

Алиу: Реформите во здравството добиваат европска рамка со приклучувањето кон програмата EU4Health

June 12, 2026

(ВИДЕО) Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори

June 12, 2026

Оркестарот на Филхармонија со изведба на „Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк во Скопје

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk