ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Историска судска победа на македонскиот јазик во Грција: Судот во Лерин ги одби тужбите за забрана на Центарот за македонски јазик во Грција

March 19, 2023 09:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter
 Основниот суд во Лерин, во две посебни одлуки, официјално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација, се вели во соопштението на Центарот за македонски јазик во Лерин.

Во соопштението се потсетува дека на 27.07.2022 година, барањето за регистрација на Центарот за македонски јазик како невладина организација/здружение беше одобрено од грчкиот суд, со што тој стана првата организација, која директно се грижи за македонскиот јазик, што е регистрирана и призната како таква од грчките државни органи.

Сепак, веднаш по соопштувањето на таквата одлука, до Судот во Лерин беа доставени повеќе барања/тужби од “трети заинтересирани страни” за поништување на првичната одлука за регистрација. Како подносители на таквите барања се појавија неколку екстремно десничарски организации и политички партии во државата, додека едно од барањето беше поднесено лично од страна на јавниот обвинител на територијата на Леринската околија.

Првото од судењата беше одржано на 16 февруари 2023год. Во атмосфера исполнета со тензии, дополнета и сопреполни судски сали, Центарот за македонски јазик ги претстави своите аргументи пред Судот, меѓу другото и со презентирање на докази за признавањето на македонскиот јазик од страна на грчката државата пред повеќе од еден век.

Со историските одлуки од 16 март 2023 година, Основниот суд на Лерин ги одби барањето/тужбата на околискиот јавен обвинител, барањата поднесени од “Панмакедонскиот сојуз на македонската борба Грција-Австралија” и “Панхеленското здружение на потомците на македономахите – Павлос Мелас”, како и оние поднесени од „Здружението за одбрана на Македонија и Тракија“, „Друштвото за македонски студии“, „Здружението Аристотел“, „Здружението на пензионирани армиски офицери“ и „Регионот Западна Македонија“.

Нивните барања беа одбиени како неосновани, додека еден дел од нив беа квалификувани и како целосно неприфатливи.

Со тоа, Центарот за македонски јазик во Грција останува законски регистрирана невладина организација во државата.

Центарот за македонски јазик го изразува своето нескриено задоволство што после децениска борба, македоноговорното население во Грција доби позитивен судски исход во однос на неговите легитимни барања. Правото на слободно здружување конечно е достапно и уважено во однос на организација за подршка на македонскиот јазик.

Веруваме дека сега е време ова човеково право (загарантирано со член 12 од Уставот на Грција и член 11 од Европската конвенција за човекови права) да биде достапно и за други слични невладини организации – кои во минатото барале и во иднина ќе бараат нивна судска регистрација.

Сакаме неизмерно да им се заблагодариме на сите оние во Грција и странство кои ја поткрепија нашата правна борба во последните месеци. Посебно му благодариме на нашиот адвокат Кирос Спонтис, за неговата одлична работа, како и на сведоците кои ги поддржаа нашите ставови и аргументи пред судот: професорката Александра Јоаниду, професорот Константинос Цицеликис, како и на нашиот член Зиси Циглопулос.

Не би можеле да не го спомнеме и судијата кој ги отфрли барањата/тужби за забрана. Не толку затоа што го призна очигледното туку главно затоа што во еден период кредибилитетот на грчката правда е доведен во прашање и тој докажа дека постојат независни судии кои одлучуваат врз основа на законот и на нивната свест. За жал, иако долги децении, го живееме сосема спротивното, но сепак изгледа дека времињата се менуваат.

Центарот за македонски јазик во Грција ќе продолжи да делува за постигнување на своите цели, кои вклучуваат:

– Изучување на македонскиот литературен јазик од страна на граѓаните на Грција, преку интернет-страница.

– Поддршка на заложбите за идно воведување на македонскиот јазик како изборен предмет во јавните училишта (основни и среди) и универзитетите во Грција, кои се наоѓаат во регионите Западна Македонија, Централна Македонија, Источна Македонија и Тракија.

– Поддршка на заложбите за идно формирање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постоечките универзитети во Грција за обука на наставници по македонски јазик, како и за изработка на наставни програми и наставни материјали.

Центарот за македонски јазик во Грција ги поттикнува и охрабрува говорителите на македонскиот јазик да ја продолжат борбата за своите човекови права. Напомнуваме дека сите материјали изработени од Центарот и поврзани со изучувањето на македонскиот јазик и понатаму ќе бидат достапни бесплатно на веб-страницата на нашата организација, како и на YouTube каналот. Македонскиот јазик е наше минато… и наша иднина, се велки во соопштението на Центарот за македонски јазик во Грција.

Извор: Рацин.мк

Tags: македонски јазикЦентар за македонски јазик Лерин
Next Post

Претседателски избори во Црна Гора, граѓаните бираат меѓу седуммина кандидати

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk