Украина денес се наоѓа во 390-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.
Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.
Политика
Министрите за правда од целиот свет ќе се сретнат денеска во Лондон за да разговараат за зголемување на поддршката за Меѓународниот кривичен суд (МКС) откако минатата недела издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.
Анализа на Борјан Јовановски: Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска ја започнува тридневната посета на Москва, која во ЕУ се следи со големо внимание .
Додека Кси Џинпинг, лидерот на Кина, се подготвува да се сретне со Путин, во Москва оваа недела, кинеските власти го оформулираа неговото патување како мисија за мир. Но, американските и европските аналитичари гледаат да видат дали Кси ќе додаде масло на целосната војна на Путин во Украина.
Во срцето на Брисел, во непосредна близина на седиштето на Европската Унија, во петокот се одржа протест против сирискиот претседател Башар Ал Асад. Демонстрантите протестира против диктаторското владееење на сирискиот претсетател , кој со поддршка на Путин ги загрозува животите и човковите и мемократски права на Сиријците, и со неколкугодишното владеење во Сирија донесе смрт, разурнување, бегалска криза и пустош.
Украина очекува Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да заврши војната, изјави денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи.
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, денеска изјави дека Судот мораше да преземе акција против рускиот претседател Владимир Путин за наводните воени злосторства и дека станува збор за еден „мрачен“ повод, а не за момент за тапкање по рамо.
Земјите од Европската унија планираат да и достават на Украина еден милион парчиња артилериска муниција во следните 12 месеци, изјавија денеска дипломати на ЕУ за ДПА.
Фронт
Руските напаѓачи во текот на ноќта извршија ракетен напад врз Краматорск и утринава ја гранатираа Авдиивка со артилерија и повеќе ракетни фрлачи Град.
Руската пролетна офанзива во Украина најверојатно се приближува кон кулминација без значителен исход.
Подготви: А. Р.