ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Со досадни партиски програми или со авторитетни непартиски кадри

Но, овој пат, на овие претстојни избори, се чини дека од било кога порано, кадровските понуди ќе бидат поклучни од било каквите содржини во партиските изборни програми. Впрочем, уште на нераспуштен парламент, на нераспишани избори и на непочната изборна кампања, партиите веќе ги потрошија темите па, примарно, клучот на изборната победа би можел да се побара, пред сè, во кадрите. И тоа во непартиските. Во личности авторитетни, докажани и неизвалкани со дневна политика.

February 10, 2020 13:16
in ФРОНТ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува : Зоран Иванов /ЦИВИЛ

Избори се ближат, партиите се во грч. Најголемите посебно. Треба да понудат конкурентни изборни листи. Не им е лесно зашто генерално сите се со срозен  авторитет. Истражувањата на јавното мислење навестуваат рекордна апстиненција. Кога наскоро ќе се распламтат, реално е да се очекува кампањите сепак малку да го подразбудат електоратот. Изборно да ги мотивираат партиски неангажираните, неопредлените, незаинтересираните. Оние најлетаргичните и најразочарани од досегашните партиски политики.

Знаат сите дека лекот е во кадрите. Не дека партиите ги немаат, но од година во година граѓаните се помалку им веруваат на познатите партиски ликови. Па, излезот од досега најголемиот депресивен гласачки амбиент, би можеле да го побараат во промовирање ексклузивни партиски изборни листи со невообичаено поголем, дури со доминантен број непартиски кандидати. За овие избори на своите пратенички листи да утврдат што повеќе афирмирани граѓани. Личности докажани во своите области и почитувани во средините во кои работат и живеат. И, секако, во отсуство на изборен модел на отворени листи, таквите кандидати да не им се само партиски декор, туку да бидат евидентирани во горните делови на листите, на таканаречените добитни места.

Отпорот во политичките партии спрема надворешни кандидати е голем. Сега таму, зад завесата, во сенка на јавноста, се случуваат гладијаторски внатрешно партиски битки за место на изборната листа. И за што погоре на таа листа. Непартиските кадри не се баш посакувани за партиските менталитети. За состојба во која едни со години по горештини, дожд и мраз се ашкаат по разни партиски митинзи, а некои си таму уљези на готово ќе им ги запоседнат нивните политички амбиции.

Но, овој пат, на овие претстојни избори, се чини дека од било кога порано, кадровските понуди ќе бидат поклучни од било каквите содржини во партиските изборни програми. Впрочем, уште на нераспуштен парламент, на нераспишани избори и на непочната изборна кампања, партиите веќе ги потрошија темите па, примарно, клучот на изборната победа би можел да се побара, пред сè, во кадрите. И тоа во непартиските. Во личности авторитетни, докажани и неизвалкани со дневна политика. Таквите да бидат дополнителниот мотив за немотивираните. Во што позначителен број отколку што тоа сега го навестуваат анкетите, партиски неутралните да се појават на своите гласачките места.

Докажано, изборите не се добиваат само со гласовите од партиското членство и од партиските симпатизери. Туку, токму со гласовите на неопределените. На претстојните пролетни избори тоа ќе биде посебно евидентно.

На партиите им останува да решат како, со кое оружје ќе ги бијат битките за неопределените и немотивираните.

Со досадни партиски програми или со авторитетни непартиски кадри.

Извор: ЦИВИЛ Медиа


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

 

Next Post

Момироски нема поим за написите на словенечкиот портал, но затоа порача шефот на ЦИВИЛ да гостува на Алфа ТВ

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk