ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Лога очекува опозицијата да биде дел од работната група за уставните измени

March 27, 2023 14:07
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Приоритет е Преамбулата во делот на вметнување на помалите заедници во државата, но се размислува и за други потребни измени на Уставот, како што е измената во делот каде министерот за правда по функција е член на Судски совет, регулирање на вакумот со распуштање на Собранието и при смената меѓу еден и изборот на друг министер, како и во делот на тоа што беше проблематично во пандемијата и други прашања како што е делот со 20 роценти за јазикот, вели Министерот за правда Кренар Лога.

Лога, на првиот брифинг со новинарите откако е министер, посочи дека ќе мора да се отвора Уставот и дека „прашање на денови е кога ќе биде формирана“ работната група за уставни измени во која ќе учествува широк спектар на општествени чинители.

– За сите овие прашања ќе треба да имаме консензус, но за нас приоритет останува Преамбулата во делот на вметнување на помалите заедници во државата. Ако има расположение кај сите учесници, ние сме подготвени сите овие предлози да бидат дел, изјави Лога, посочувајќи дека негов став е кога веќе се отвора Уставот подобро е сите овие прашања да одат во пакет.

Нагласи дека е во комуникација со сите чинители во државата, со премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски како и со претседателот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и лидерот на партијата Христијан Мицкоски и дека е прашање на денови кога ќе биде формирана работната група за уставните измени.

– Очекувам опозицијата да е дел од работната група, не само за уставните измени, туку и за Изборниот законик и сите други работни групи врзани со реформи, не само за правосудниот систем, туку и за други области, изјави Лога, изразувајќи уверување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се надмине себеси и ќе биде дел од ова, за како што рече, да не бидеме повторно десет години во изолација.

Tags: ВМРО-ДПМНЕКомисииЛогаправдауставни измени
Next Post
Фото:  NASA/JPL-Caltech/University of Arizona

Кружни дини на Марс ги оставаат научниците во недоумица

Најново

Звукот на привикнувањето

May 4, 2026

Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат дома поради гужвите кон ЕУ

May 4, 2026

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk