ВМРО -ДПМНЕ се плаши од законот за Jавно обвинителство и работи во заштита на Никола Груевски и обвинетите во предметите на СЈО, велат од СДСМ.
„Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ по нарачка на Груевски носеа над 50 закони преку ноќ со цел да ги заштитат личните и партиските интереси. ВМРО ДПМНЕ знае дека носењето на законот за Jавно обвинителство значи првна разрешница за сите судски случаи во кои обвинети се нивни поранешни функционери, а меѓу нив и Никола Груевски, менторот на Христијан Мицкоски. Вистината е дека во законот нема скриена амнестија, секој за кој постои обвинение ќе си одговара пред институциите и тоа ВМРО ДПМНЕ го знае и оттука е нивниот револт против ова законско решение“, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека законот гарантира дека сите судски процеси кои произлегуваат од СЈО ќе добијат своја правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази.
„Кон содржината на pредлог-законот беа вградени и голем дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, за кои се застапуваше и се избори независната пратеничка група. Додека заеднички се работеше на изнаоѓање заедничко решение, ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски правеа сè овој закон да не се најде пред пратениците. Законот за Јавно обвинителство ги овозможува неопходните услови за владеење на правото во нашата земја и за конечна и темелна изградба на правната држава“, велат од СДСМ.
Од СДСМ велат дека усвојувањето на овој закон ќе биде голем придонес кон европската интеграција на земјата.