ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претставници на ЦИВИЛ на средба со министерот Лога: Изборната регулатива е приоритет, се очекува соработка на партиите и невладиниот сектор

March 30, 2023 17:56
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПРАВДА

Претставници на ЦИВИЛ, денеска се сретнаа со Mинистерот за правда, Кренар Лога, на која се дискутираа прашањата поврзани со претстојните измени во Изборниот законик, како и за изборните процеси воопшто. Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, го информираше министерот Лога за плановите на организацијата, како и за тековните активности поврзани со изборите, изборниот мониторинг, политичкото финансирање и препораките и идеите за реформи во изборниот систем.

На средбата посебно се дискутираше за активностите за формирање на Работната група за измени во Изборниот законик. Министерот Лога истакна дека е отворена понудата за претседател на Работната група да биде избран претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Заеднички е ставот дека во овие процеси е неопходна конструктивна соработка и од политичките партии, и од невладиниот сектор

Со оглед дека изборите, претседателските и парламентарните, се предвидени за 2024 година, се отври и дискусија за тоа кои се приоритетите за измени и дополнувања на Изборниот законик, по што и двете страни заклучија дека тој процес мора да заврши најдоцна шест месеци пред да се одржат изборите, што е долгогодишна и цврста препорака на ОБСЕ, како и на ЦИВИЛ, а секако е и дел од законската регулатива. Во повеќето изборни процеси во изминатите десетина години повеќе, измени во Изборниот законик се правеа спротивно на овие препораки, често и само неколку дена пред да се одржат изборите.

Министерот Лога и претставниците на ЦИВИЛ беа согласни дека таквата пракса мора да престане. Исто така, двете страни се сосема согласни дека на земјава ѝ е потребен целосно нов Изборен законик, но за такво нешто, во пресрет на изборната година, нема услови, што не ја исклучува можноста подготовките за тој процес да започне веднаш.

На средбата што траеше повеќе од еден час, се дискутираа и низа други прашања поврзани со општествено политичките состојби и процеси во земјата и пошироко, како и нивното влијание врз изборните процеси. Во таа смисла, посебно беа истакнати прашањата поврзани со дезинформациите и пропагандата. Средбата заврши со заедничка заложба за блиска соработка во клучните прашања поврзани со изборите, но и други сфери поврзани со заштитата на човековите права и слободи.

Б. Јордановска / Цивил Медиа

Tags: избориКРЕНАР ЛОГАЦИВИЛЏабир Дерала
Next Post

Ковачевски утре во Белград, потпишување на три меморандуми за соработка во рамки на иницијативата Отворен Балкан

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk