Здружението „Лесја Украинка“ утре, во Скопје кај споменикот на Тарас Шевченко во паркот „Жена борец“, со почеток во 16:30 часот, организира митинг за одбележување една година од воените злосторства во Буча, Украина.
Украинската војска кон крајот на март минатата година повторно ги зазеде малите градови Ирпин и Буча во близина на главниот град Кијив. Меѓународните истражители собираат докази во Ирпин, Буча и други места каде што руските трупи извршија невидени воени злосторства од големи размери.
Невладината ЦИВИЛ се придружува кон повикот на „Лесја Украинка“ и ги повика граѓанките и граѓаните да го одбележат овој тажен датум и да испратат порака со осуда на воени злосторства во Украина.