Општина Кисела Вода смета дека е подобро дивоградбите кои се изградени на државно земјиште да се конфискуваат отколку да се урнат, бидејќи рушењето создава финансиски импликации, што општината повторно го плаќа со пари од граѓаните, велат од општината за „Локално“ отколку пред неколку дена градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски поднесе иницијатива до ЗЕЛС за конфискација на диво изградените објекти низ земјава.
Од таму додаваат дека иницијативата на Герасимовски била јавно изнесена од страна на него, а деталите со истата пристигнуваат до општините, вклучително и до Општина Кисела Вода, по што детално ќе бидат разгледани од нивните служби.
-Рушењето е на товар на општината, инвеститорите на тие дивоградби се непознати и тоа создава големи компликации. Големите средства кои треба да се издвојат не само за минирање на oбјектот, туку и за негово целосно отстранување, дополнително го оптоваруваат буџетот на локалната самоуправа, па честопати поради немање доволно пари, објектите остануваат полуразрушени, нагрдувајќи го просторот, велат од општината предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.