Ги гледам куририте, ги читам кајшто се обидуваат да ме дискредитираат (по милионити пат) како неважен и нерелевантен. Ме сметаат дури и за просечно образован, глупав, неталентиран за политика. Велам во ред. Така нека е, само една мала компарација ќе мора да нафрлам: Дали глупав човек, необразован и неталентиран за политика би имал: тужби во времето на Груевски, прогонуван од ЈО, иследуван, прислушуван; денес, во времето на моите, пак, черечен, линчуван, со купишта смртни закани, за чудо некое и со најгледани дебати… Интимно, ако се искрени, било леви или десни, сите знаат, а богами и неретко ми признаваат (и в очи ме гледаат) дека сум во право за многу што. Ама не смеат да кркнат. Или да писнат, бидејќи средината ги притиска тоа да го признат, објави Ненад Јовановиќ на својот фејсбук-профил.
Тој вели дека од никогаш не поднесувал авторитети, велејќи дека „денешните авторитети ми изгледаат и звучат како шеќерна водичка“.
Богдан Богдановиќ, тој неимар (градител, архитект) што беше набркан од режимот на Милошевиќ (за да најде прибежиште во Виена), не’ учеше: “пристоен човек во текот на денот се занимава со политика, а навечер чита за политика”, наведува Јовановиќ во својата објава на Фејсбук.