ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Амбасада на САД во Белград: Имаме сознанија дека Србија не и продава оружје на Украина

April 12, 2023 20:33
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Амбасадата на САД во Белград има сознанија дека Србија не и продава оружје на Украина, соопштено е за Радио Слободна Европа (РСЕ) во врска со наводите во тајните документи на Пентагон, јави дописникот на МИА од Белград.

Не можеме да ги коментираме наводните доверливи информации, но според нашите сознанија Србија не и продава оружје на Украина, изјавија за РСЕ од американската амбасада во Белград.

Пренесувајќи податоци од обелоденети тајни документи на Пентагон, агенцијата Ројтерс претходно денеска соопшти дека Србија се согласила да испрати оружје во Киев или веќе го испратила. Ова веднаш го демантираа српските министри за одбрана и за надворешни работи Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ.

Вучевиќ изјави дека Србија „не испратила оружје на украинската или руската страна, ниту на земјите што го опкружуваат тој конфликт“, и дека тоа нема да го стори.

Дачиќ рече дека Србија ја почитува политиката на воена неутралност и за продавање оружје на трети страни, кои се далеку од конфликтот и немаат никаква врска со тоа.

Документот во кој умаше увид Ројтерс, ги сумира одговорите на европските влади на барањата на Украина за воена обука и „смртоносна помош“, т.е оружје, и е меѓу десетиците доверливи документи објавени на интернет во последните неколку недели, за кои се верува дека се најсериозното откривање на американски тајни во последниве години.

Прашањето за испраќање српско оружје за украинските сили е актуелно откако рускиот портал „mash.ru“ на 27 февруари, без да наведе извори, објави дека најмалку 3.500 ракети произведени во српската фабрика за оружје „Крушик“ завршиле во воените арсенали на Украина, кои Киев ги користи во нападите врз руските позиции.

На 2 март Москва соопшти дека побарала официјално објаснување од Белград за информацијата дека српско оружје и било доставено на Украина. Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, тогаш изјави дека Москва е длабоко загрижена поради наводите за вмешаност на Србија во продажба на оружје на Украина.

Извор: МИА

Next Post

Аврамовска Мадиќ: Внесувањето на другите народи во Преамбулата на Уставот нема да го загрози идентитетот н македонскиот народ

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk