„Владата донесе Стратегија за развој на енергетика до 2040 година со која е целосно базирана на Европскиот Зелен Договор и оваа Стратегија веќе ја имплементираме кај нас. Наш приоритет е енергетската транзиција и енергетската независност, а нашата земја е регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото предавање на реномираната дипломатска акдемија Виенско училиште за меѓународни студии.
Тој додаде дека во услови на криза успеавме да придонесеме за зголемување на интересот за инвестиции во обновливи извори на енергија.
„За нешто повеќе од година дена, заклучно со 31 март 2023 – инсталиран е над 191 MW вкупен капацитет од обновливи извори. За петнаесет месеци Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги има издадено лиценци за 400 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Со ова може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка од десет македонски градови односно 76 000 македонски домаќинства“ рече Ковачевски.