ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Граѓани на протест пред судот во Тетово, бараат ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски

April 25, 2023 12:30
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Повторно пред судот во Тетово граѓани се собраа на мирен јавен протест од кој побараа да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски, кој е еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница. Граѓаните го потенцираат ставот дека докторот бил на работа за да лекува луѓе, а не да презема обврски околу инфраструктурата на болницата.

– Првин грешката е во обвинителство, докторот има обврска да ги лекува луѓето, а не да прави прием на модуларна болница, да провери електрична инсталација, да провери дали панелите од бараките се огноотпорни или помалку запаливи, значи кривицата е дефинитивно кај тој што ја конструирал модуларната болница, а не докторот, кој 24 часа беше достапен на сите граѓани од Тетово и пошироко. Ако сакаат да го поправат процентот на доверба во судството, кое моментално е најниско во државава, тогаш нека размислат за пресудата, рече присутен граѓанин.

Граѓаните кои редовно доаѓаат на овие протести кога се одржува судскиот процес потсетија дека докторот за време на пандемијата со Ковид-19 е тој што совесно ја извршувал својата работа и на многу луѓе им помогнал да ја пребродат болеста.

– Да се донесе ослободителна пресуда за докторот да не доаѓа по овие судници. На него му е местото да биде со пациентите. Затоа за жал во нашава држава, најдобрите, најхумани доктори ќе ни ја напуштаат земјава и ќе нема кој да не лекува. Овој доктор треба да биде награден, а не да доаѓа овде во судниците. Затоа што нема никаква вина, тој колку може помагал и сè уште помага на пациентите. Значи, ова е нанесена неправда, за жал, треба да се награди, а не да доаѓа овде да го губи времето. Него го чекаа пациенти на кои им пружаа што е можно најголема помош и спасува многу народ, изјави една жена присутна на протестот.

За пожарот во модуларната болница поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товараат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Tags: докторот Бобан ВучевскиТетово
Next Post

Груби: Ако се проневери еден денар од проектот за изградба на Коридорите 8 и 10д на Бехтел и Енка да скапеме во доживотен затвор

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk