ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Собранието ги донесе измените на Законот за субвенциониран студентски оброк

April 26, 2023 18:11
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на денешната 111 седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство Моника Зајкова, Санела Шкријел, Боби Мојсовски, Даниела Николовска и Жаклина Лазаревска. Законот беше усвоен со 70 гласа „за“ и ниту еден „воздржан“ или „против“.

Во расправата пред гласањето, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ги спомена забелешките и од комисиската расправа околу овој закон, односно за картичкиот систем и за зголемување сумата.

И при комисиската расправа имавме две суштински забелешки – едниот беше за системот кој што се планира да се воведе, кој е картичниот систем и кој еднаш веќе бил како предлог да се воведе, но не успеал, затоа што претходниот пат ниту една банка не се пријавила на повикот на МОН, и втората забелешка покачување на сумата на 160 денари наместо досегашните 120 денари, рече Стојаноски.

Пратеничката од редовите на владејачката коалиција, Санела Шкријељ, во реплика рече дека не точно дека еднаш имало објавено повик за ваков картичен систем.

Никогаш немало објавено јавен повик за ваков картичен систем. Причината зошто досега така течела исплата е затоа што во моментот кога требаше да стартува овој закон, се наоѓавме во сред пандемија, рестораните и останатите места не работеа и едноставно беше невозможно да се имплементира, така како што е замислено, а знам дека и вие го поддржувате тоа студентите да добија субвенција за здрав оброк, истакна Шкријељ.

Освен тоа, таа потврди дека дневната сума се зголемува од 120 на 160 денари и дека таа ќе се усогласува со инфлациската стапка после секоја фискална година. Според неа, ова е начин за да нема честа расправија околу сумата толку често, туку таа да се одредува според стапката на инфлација.

Таа додаде дека студентите ќе можат да ја користат субвенцијата од понеделник до сабота и дека со оваа измена, тие ќе можат да ја користат субвенцијата и за време на верските празници.

Претходно во Собранието беше донесен и Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2023-2032.

Tags: измените на Законот за субвенциониран студентски оброкСобрание
Next Post

Гутереш: Новата рамка за дијалог меѓу Косово и Србија може да доведе до долгорочни решенија

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk