ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Гутереш: Новата рамка за дијалог меѓу Косово и Србија може да доведе до долгорочни решенија

April 26, 2023 18:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во новиот извештај за работата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК) го поздрави постигнувањето на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со оценка дека новата рамка за дијалог има потенцијал за унапредување на процесот кон постигнување долгорочни решенија.

Во извештајот за периодот од 16 септември 2022 до 18 март 2023 година, за кој утре во Њујорк ќе расправа Советот за безбедност на Обединетите нации, Гутереш наведе дека ќе биде неопходен конструктивен ангажман во сеопфатното спроведување на Договорот за да се зачува стабилноста и да се спречи обновување на тензиите и судирите, пренесе Бета. 

Тој изјави дека поттикнува поголемо вклучување на жените, младите и другите чинители на граѓанското општество во процесите поврзани со нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. 

„Страните целосно се обврзаа да ги почитуваат сите членови од Договорот и да ги исполнат сите обврски на целисходен начин и со добра волја. Тоа е особено важно бидејќи случувањата во тој период предизвикаа тензии до ниво на криза, резултирајќи со најсериозно назадување од почетокот на процесот на дијалог во 2011 година“, напиша Гутереш. 

Во извештајот, кој на утрешната седница ќе го претстави шефицата на УНМИК, Каролин Зиаде, Гутереш додаде дека „засилената и запалива реторика од сите страни, поставувањето блокади на патиштата, повеќекратните безбедносни инциденти и протестите на северот на Косово го зголемуваат ризикот од насилство“. 

„Сите страни треба да покажат воздржаност и да обезбедат дека сите спорови се решаваат по мирен пат преку дијалог, а не со ескалација“, напиша Гутереш. 

Во извештајот, кој не ги вклучува минатонеделните локални избори во четири општини на северот на Косово, Гутереш наведе дека натамошниот напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина е „клучен за создавање услови за враќање на претставниците на косовските Срби во косовските институции на северот на Косово“. 

Извор: МИА

Tags: ГутерешдијалогКосовоСрбија
Next Post
Фото: Министерство за ттранспорт и врски

Зголемен контингентот на дозволи за превоз во товарниот транспорт помеѓу Северна Македонија и Германија

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk