Резултати од тригодишна меѓународна програма за истражување отпадни води потврдија постоење на десетици нови психоактивни супстанци.
Примероците земени од 47 градови во 16 земји, вклучувајќи ги Шпанија, САД и Австралија, покажаа присуство на 18 нови психоактивни супстанции, според студијата објавена од списанието Water Research X.
Новите психоактивни супстанци се лекови чии ефекти наликуваат на оние на познатите недозволени дроги, изјави водачот на студијата Ричард Бејд од Универзитетот во Квинсленд.
Овие супстанции се синтетизираат за да ги заменат забранетите супстанции. Тоа значи дека тие имаат малку поинаква молекуларна структура, што не е споменато во законот. Тие обично се произведуваат во мали количества во споредба со традиционалните недозволени дроги, што ја отежнува контролата на истражните органи, вели д-р Бејд.
Според него, само во Австралија истражувачкиот тим открил седум нови супстанции, „сите имаат слични ефекти на МДМА или кокаинот“.
Откривме и зголемување на употребата на слични лекови во Европа каде што има високи нивоа на 3-метилметкатинон, особено во Шпанија и Словенија, потврди д-р Бејд.
Тој објавни дека примероците се земени во период на новогодишните празници во три последователни години од 2019 до 2022 година, при што резултатите покажуваат пад на употребата на психоактивни супстанции за време на новогодишните прослави во 2020 година поради пандемијата на Ковид-19.
Д-р Бејд повика на светска кампања против употребата на психоактивни супстанции.
Г. Т.