ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Аврамовска Мадиќ: Сите знаеме дека уставните измени се единствениот пат кон ЕУ и ќе направиме се за да продолжиме понатаму

May 3, 2023 13:43
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Работната група за подготовка на уставните амандмани седница наредната седница ќе ја одржи по 7 мај, и самата ќе се произнесе за начинот на работа и роковите, најави денеска заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ.

-Работната група за уставните измени се конституира. Се договорија да започнат со работа после 7 мај. На наредната седница откако ќе има начелен став во кој модел и на каков начин ќе работат и со рокови самите ќе се произнесат. Министерството за правда, јас и министерот понатаму нема да се мешаме во делот на поставување бидејќи сметаме дека таму има одредени експерти и професионалци и претставници од политички партии кои најдобро ќе си ја завршат работата за она за што се формирани. Сите знаеме дека уставните измени се единствениот пат кон ЕУ и ние ќе направиме се со Министерството за правда да продолжиме понатаму, рече Аврамовска Мадиќ на новинарско прашање по конститутивната седница на работната група за изборните реформи.

Таа посочи дека во моментов работната група за уставните амандмани ќе продолжи да работи во оној состав во кој што е формирана.

-Доколку сами имаат потреба да побараат некои дополнителни експерти, меѓутоа сметаме дека во таа работа група има доволно и соодветни експерти кои можат самите да придонесат за она за што се формирани и за она што треба да го извадат – предлог-иницијативата за отворање на Уставот, рече таа прашана дали е можно проширување на списокот на експерти.

Работната група која треба да ја подготви предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот, брои 23 члена – 10 се предлози на политички партии, 10 се експерти и тројца се претставници на институции. ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на работната група.

По изготвувањето, предлогот ќе биде доставен до Владата, која потоа ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собранието. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

На првата седница одржана на 25 април, за претседател на работната група беше избрана поранешната судијка во ЕСЧП во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, а за потпретседател поранешниот уставен судија и професор по уставно право Бајрам Положани.

Tags: Аврамовска МадиќКомисија за изборни измениЛогаМП
Next Post

Лариса Дир: Русија изврши повеќе од 500 злосторства против новинарите – 57 украински и странски новинари беа убиени, десетици се во руско заробеништво

Shortcut

Најново

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk