Копретседателот на ВМРО, Ангел Џамбазки се пожали до Европската комисија за уште еден, како што го нарекува, „таргетиран чин на омраза“ кон претседателот на здружението „Ванчо Михајлов“ во Битола.
„Оваа Македонија никогаш во ЕУ! Уште една антибугарска, ксенофобна, недозволива, неприфатлива политичка репресија врз македонски Бугарин, поради неговата бугарска национална самосвест. Вечен срам и срам за „бугарските“ политичари, кои му свртеа грб на понижувачкото национално предавство“, вели бугарскиот претставник во Европскиот парламент, а, доаѓа во врска со информацијата дека обвинителството во Северна Македонија покренало обвиненија за расизам и ксенофобија против претседателот на здружението.
Џамбаски итно сигнализира до Европската комисија, барајќи одговори на прашањата кога Комисијата ќе предложи прекин на преговорите со Северна Македонија, поради неисполнување на обврските за почитување на човековите права и како ќе се одговори на „насочениот прогон на луѓето заради нивно самоопределување“.
„Овој случај, измислен и неоснован, е дел од серијата акции за заплашување на Бугарите во Северна Македонија. Ова е лицето на државната политика кон бугарската заедница. Не се споменува добрососедство и ветувањата на властодршците. Напротив, има дејствија за оцрнување и заплашување на секој кој отворено се декларира како Бугарин“, посочува уште копретседателот на ВМРО во своето писмо до Европската комисија.