ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шкријељ: Нова канцеларија за социјални работи во Крива Паланка за полесен пристап на граѓаните

Изминатите две и пол години работевме на прилагодување на системот на социјална заштита на потребите на граѓаните. Овие канцеларии се резултат на грижата за секој граѓанин на едноставен и достапен начин да побара социјална помош или кое било друго право од системот на социјална заштита. Социјалната реформа значи промена на пристапот до граѓаните, грижа за секој граѓанин подеднакво, рече Шкријељ

February 12, 2020 17:17
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денеска ја посетија новата канцеларија за социјални работи во Општината.

– Изминатите две и пол години работевме на прилагодување на системот на социјална заштита на потребите на граѓаните. Овие канцеларии се резултат на грижата за секој граѓанин на едноставен и достапен начин да побара социјална помош или кое било друго право од системот на социјална заштита. Социјалната реформа значи промена на пристапот до граѓаните, грижа за секој граѓанин подеднакво, рече Шкријељ.

Градоначалникот Мицевски ги повика граѓаните за сите проблеми од областа на социјална заштита да се обратат во новата општинска канцеларија за социјални работи.

– Општината и оваа година работи по усвоената Програма за социјална заштита. Во исто време, оваа општина е една од првите во која се формираше Совет за социјална заштита, со цел да овозможи институционално решавање на проблемите, изјави градоначалникот Мицевски.

Општина Крива Паланка во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги ќе добие и нова градинка во која згрижувачкиот и воспитно-образовниот процес ќе се реализира за 100 деца.

– Со цел да се обезбеди квалитетна услуга за згрижување на децата, што е важна компонента во раниот детски развој и истовремено овозможува активација на родителите на пазарот на труд, Министерството за труд и социјална политика во буџетот за 2020 година издвои 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градинки, а изминатите две и пол години беа инвестирани над 180 милиони денари, соопштија од Министерството.

Оттаму додаваат дека дополнителни 15 милиони евра се обезбедени од Светска банка за отворање нови капацитети за згрижување на деца, со што во следните четири години ќе бидат отворени 7.500 места за деца во градинките, а опфатот на деца во предучилишно образование ќе се зголеми на 60 проценти.

Next Post

Со Законот за ЈО не може да има амнестија за „Рекет“

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk