ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонските граѓани плаќаат најмалку за бензин и дизел во регионот, цените на ниво од пред кризата

May 11, 2023 17:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Цените на горивата во Северна Македонија го продолжуваат трендот на намалување по шокот минатата година и во моментов се најниски во регионот. За разлика од останатите држави во нашето опкружување, каде што цените останаа релативно високи, кај нас тие се вратија на нивото од 2021 година, пред кризата.

Цената за дизелот во земјава изнесува 66,5 денари, односно 1,08 евра што е убедливо најниска цена за дизел во регионот. Најблиску до нас со цената на дизелот е Босна и Херцеговина, каде што дизелот е околу 1,21 евро. Највисока цена за дизел се плаќа во Србија, Грција и Албанија каде што тој изнесува околу 1,54 евра.

Слична е ситуацијата и со цените на бензинот. Безоловниот бензин со 95 октани во земјава чини 77 денари, или 1,25 евра, во Босна и Херцеговина тој е околу 1,28 евра, додека во Грција цената на литар бензин е 1,85 евра.

Ваквите податоци се доказ дека навремените мерки за справување со економската и енергетската криза го дадоа вистинскиот резултат и освен што спречија подрастичен скок во екот на кризата, донесоа и побрзо и посилно опоравување.

Покачувањето на цените на нафтените деривати беше наведено како главна причина за покачувањето  на цените на автобуските билети и на такси превозот во Скопје. Тогаш превозниците се правдаа дека со новите цени на нафтата, мора да се ревидираат и цените на билетите.

Сега, со намалувањето на цените на дизелот и бензинот и нивното враќање на нивото од пред кризата, односно од 2021 година, за очекување е и цените на автобускиот и такси превозот да се вратат на истото ниво.

Додека цените за автобускиот превоз го одредуваат самите компании кои сообраќаат на релациите, цените на такси превозот во Скопје го одредува Град Скопје.

Д. Е.

Tags: гориварегионцени
Next Post

Се зголемуваат платите на здравствените работници, потпишан анексот кон колективниот договор

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk