„Фактите и податоците покажуваат дека СДСМ има резултати, коишто вистински и реално прават разлика“, соопштија утрово од СДСМ.
„Во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и во однос на испорачаните резултати и во однос на глобалните текови, СДСМ покажа и докажа што значи одговорно и успешно работење.
СДСМ забрзано работи на целосна гасификација на државата и изгради 270 километри гасовод во изминатите години.
За време на ВМРО ДПМНЕ, беа изградени едвај 35 километри.
Очигледна е разликата меѓу резултатите и одговорното владеење на СДСМ и катастрофата и хаосот што ги правеше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години“, истанаа од Бихаќка утрово.