Францускиот Сенат донесе резолуција со која го признава Холодомор од 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ, пренесува Укринформ.
„Францускиот Сенат штотуку го призна Холодомор од 1932 до 1933 година како геноцид врз украинскиот народ. Благодарен сум на француските сенатори за ова историско гласање кое ја враќа правдата и го почитува споменот на милиони жртви. Таквите злосторства никогаш не треба да се повторат и никогаш да не се заборават“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
French @Senat has just recognized the 1932-1933 Holodomor as genocide of the Ukrainian people. I am grateful to French senators for this historic vote which restores justice and honours the memory of millions of victims. Such crimes should never repeat and never be forgotten.
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) May 17, 2023
Претседателот Зеленски оваа одлука на францускиот Сенат ја нарече важен чекор кон враќање на историската правда.
„Ја поздравувам историската одлука на францускиот Сенат да го признае Холодомор од 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ. Благодарен сум на сите сенатори кои ја иницираа и поддржаа резолуцијата. Ова е уште еден важен чекор кон враќање на историската правда и овековечување на споменот на милиони Украинци кои беа изгладнети до смрт“, објави шефот на државата на Твитер.
I welcome the historic decision of the 🇫🇷 Senate to recognize the Holodomor of 1932-1933 as genocide of 🇺🇦 people. I’m grateful to all senators who initiated and supported the resolution. This is another important step towards restoring historical justice and perpetuating the… pic.twitter.com/46FJzceRcZ
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 17, 2023
Како што беше објавено, претходно долниот дом на францускиот парламент – Националното собрание – го призна холодоморот од 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа