ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Забрчанец: Отворен Балкан донесе раст на трговијата и силни врски меѓу македонскиот, српскиот и албанскиот народ

May 18, 2023 16:52
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Предизвиците и можностите од Иницијативата „Отворен Балкан” по кризата предизвикана од воениот конфликт во Украина јасно укажа дека домашните компании се задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“. Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека иницијативата носи развој на индустриите и државата.

Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи Марјан Забрчанец оценува дека „Отворен Балкан“ веќе донесе олеснет транспортот на земјоделски продукти, нови туристи и висока оценка и светска промоција на домашните вински производи.

„Преку Отворен Балкан државата и регионот се претставуваат како врвен вински, гастрономски и туристички регион, а преку вмрежување на винариите сериозно правиме и промоција на домашното вино на светскиот пазар. На следниот лидерски пазар во Белград ќе се активира слободниот пазар на труд преку вадење на идентификациски број без дополнителни процедури или барања за престој.
Исто така наскоро ќе се активира заеднички систем на е-наплата на патарините со цел да нема застој во сообраќајот.
Подготвуваме и иницијатива за младински кампови и школи со ефекти врз образованието но и врз туризмот и надвор од туристичката сезона. Со помош на коморите се планира и нов проект за обезбедување на комерцијални попусти на бензиски пумпи, музеи, настани и др. Важно е да се напомене и дека српскиот културен центар во Париз, Франција ќе стане центар на „Отворен Балкан“ што значи нова можност за промоција на македонската култура и силни врски на македонскиот, српскиот и албанскиот народ.“, истакна Забрчанец

Tags: Марјан ЗабрчанецОтворен Балкан
Next Post

Георгиевски: Ефектите за винскиот сектор од Отворен Балкан допрва ќе се видат

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk