Две момчиња, на возраст од 19 и 24 години се приведени од полицијата, откако кај нив биле пронајдени пиштол, односно нож.
Како што соопшти МВР, синоќа во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Есперанто“ го лишиле од слобода М.З.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден пиштол „ЦЗ Б“, калибар 9 мм, една рамка со 10 куршуми и метална палка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера на пладне пак, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорче Петров“, при извршен преглед кај А.А.(24) од Скопје, пронашле нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.