ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи-Курти: Регионалната соработка е клучна алка во зајакнување на безбедноста

May 26, 2023 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заштитата на правата на сите заедници е од фундаментално значење за стабилноста во Косово и поширокиот регион, истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, по денешната официјална средба со премиерот Албин Курти во Приштина.

Османи за време на средбата со косовскиот премиер ја потенцираше поддршката од страна на ОБСЕ во насока на креирањето и спроведување на реформите во Косово.

„ОБСЕ ќе продолжи да ги поддржува судските и изборните реформи на Косово, вклучително и измените на изборниот законик, а Косово треба целосно да ја искористи експертизата и ресурсите на Мисијата на ОБСЕ за да го унапреди спроведувањето на реформите, но и да ги зајакне меѓуетничките односи и безбедноста”, нагласи Османи.

Тема на разговор на денешната средба беше и заштитата на културното и верското наследство кое е клучно за почитување на правата на заедниците, како и поддршката на ОБСЕ за дијалогот предводен од ЕУ.

„Дијалогот предводен од ЕУ има вистински потенцијал да придонесе за безбедноста и стабилноста во регионот, но мора да се потпираме и на регионалните соработки кои се клучна алка во таа насока. Заштитата на правата на сите заедници е од фундаментално значење за стабилноста во Косово и поширокиот регион”, потенцираше Османи.

Во фокусот на разговорите беа и младите, за кои Османи рече дека ќе бидат клучни во спроведувањето и одржувањето на регионалните приоритети на Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ, а кои се однесуваат на помирување и градење доверба, антикорупција и климатски промени.

На средбата беа поздравени и одличните билатерални односи кои ги негуваат Северна Македонија и Косово, како и значајните резултати кои Мисијата на ОБСЕ во Косово ги остварува во насока на долгорочна поддршка за земјата за решавање на сите горливите прашања.

Претседавачот Османи заедно со Премиерот Курти, ја посетија и Академијата за јавна безбедност каде се сретнаа со полициските кадети од не мнозинските заедници.

Tags: КосовоКуртиОБСЕОсмани
Next Post

Поскапуваат бензините, цената на дизелот останува иста

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk