Косовската полиција употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера граѓаните собрани пред општинскиот објект во Звечан – општина населена со мнозинство Срби во северниот дел на земјата, јавува Радио Слободна Европа на албански јазик.
Претходно, косовската полиција соопшти дека им помага на новите градоначалници на северните општини: Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да влезат во службените објекти на соодветните општини.
Косовските власти ги обвинија српските „криминални и нелегални структури“ за ескалација на ситуацијата.
„Насилството нема да надвладее. Србија сноси целосна одговорност за ескалацијата“, напиша на Твитер Блерим Вела, шеф на кабинет на претседателката Вјоса Османи.
Serbia’s illegal and criminal structures in north Kosovo have received orders to escalate the situation on the ground.
“Peaceful” protesters who use hybrid and violent actions against law enforcement.
Violence won’t prevail. Serbia bears full responsibility for the escalation. pic.twitter.com/QS3AUiawqT
— Blerim Vela (@Blerim_Vela) May 26, 2023
Од официјален Белград веднаш реагираа, српскиот претседател Александар Вучиќ даде наредба борбената готовност на српската армија да се подигне на највисоко ниво.
Оваа одлука е донесена поради ситуацијата во Косово, пренесува Балканскиот сервис на Радио Слободна Европа.
Во меѓувреме, новиот градоначалник на општина Звечан Илир Пеци во изјава за Телеграфи посочи дека моментално се наоѓа во објектот на оваа општина.
Д. Т. / Цивил Медиа